Влегуваме во неофицијалниот предизборен процес. Секогаш е така, партиите многу порано ја започнуваат кампањата од законски предвидениот рок.
Ни следуваат претседателски и парламентарни избори. Сега имаме и техничка влада. Советот на Општина Битола нема врска со овие избори, но дали ќе преовлдуваат темите на седниците кои ќе се одржуват во наредните месеци. ВМРО ДПМНЕ вели тоа зависи од политичкиот противник.

„Тоа зависи во моментот од страна на политичкиот противник кој што го има ВМРО ДПМНЕ, како тие ќе се однесуваат. Ние се она што се факти и аргументи, се она што е добро ќе го пофалиме, а доколку има некакви грешки ќе се извиниме и ќе кажиме дека не било така. Тоа го покажавме во изминаите две години локална самоуправа, се што беше добро е поздравено без разлика од која политичка партија доаѓаше“ вели Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Ги прашавме и од СДСМ, велат задачата на советот се локалните проблеми.
„Нашата првична задача е да си ги тераме локаните проблеми, имаме навистина голем број на локални проблеми. Не очекувам некој поголем импакт на двата изборни циклуси, меѓутоа како општество очигледно на многу работи не сме имуни“ вели Мирјана Захариевска-Ралевска, совеничка од СДСМ.

ПОДЕМ во советот не гледа дека некој има претседателски амбиции.
„Па мислам дека во овие простории не гледам кандидат за претседател на државата, меѓутоа лобирања мислам дека за пратеници можеби би имало, ќе видиме“ вели советникот од ПОДЕМ, Златко Лозановски.

Дали Советот ќе биде имун на предизборието, ја прашавме и Левица. Велат да. И повторуваат дека тие не прават коалиција со никој.
„Па видете ние сме опозиција. Сега опозицијата ако се окрупни во некоја ситуација со тоа што и ВМРО ДПМНЕ стана опозиција, така што не паѓаме на такво ниво да бидиме во коалиција со некој, мислам дека јавноста го знае тоа“ вели Горан Велевски од Левица.
А дали нависитина советот ќе остане имун на предизбореито, ќе покаже времето. А на последната седница од минатата недела се покажа спротивното.












