Дали прокисна спортската сала „Младост“?

0
1174

Саботата вечерта можеше да се види вода во спортската сала Младот каде што се играше битолското дерби меѓу Еурофарм Работник и Пелистер.

На неколку места во салата имало вода пред почетокот на натпреварот и капело во текот на првото полувреме, што не било случај во вториот дел од натпреварот.

Оваа фотографија е направена на една од трибините пред почетокот на натпреварот.

Првата плеј-оф пресметка во Битола заврши со резултат 22:15 (10:9) за Еурофарм Работник.

Советници кои биле присутни на саботниот натпревар велат дека и тие биле сведоци на вода во салата. Додаваат и дека имало на два пати прекин на натпреварот за да може да се избрише водата. Други пак се прашуваа дали се работи за кондензација.

За состојбата побаравме одговор и од општина Битола. Еве што велат во нивниот одговор.

„Почитувани, Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека состојбата во Спортската сала „Младост” се проверува од страна на надлежните служби од Општина Битола, со цел преземање на соодветни мерки и интервенции за решавање на проблемот. Со почит, Односи со јавност Општина Битола“ стои во одговорот од општината.

Лани во овој период од годината течеше реконструкцијата на спортската сала со поставување на новите столчиња, нов семафор и санирање на придружните простории. Тогаш беше кажано дека е санирана и кровната конструкција.