Дали светот е на прагот на трета светска војна?

0
523

САД велат дека “сите опции се на маса”, како одговор на сомневањата за напад со хемиско оружје во Сирија пред неколку дена, додека западните лидери продолжуваат да ја разгледуваат опцијата за воена акција.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека конечната одлука за воени напади не е донесена.

-Претседателот има голем број опции на располагање и голем број остануваат на маса, рече Сандерс на вчерашниот брифинг.

-Ние не изложивме конкретни акции што планираме да ги преземеме, додаде таа.

Но, таа повтори дека САД сметаат дека Русија и Сирија се одговорни за инцидентот.

Коментарите се на линија на претходното предупредување на претседателот Доналд Трамп за Русија дека треба да се “подготви” за ракетни напади во Сирија.

Тој, исто така, го нарече сирискиот лидер “животно што убива со гас”.

-Русија вети дека ќе ги собори сите проектили отпуштени од Сирија. Подгответе се Русија, бидејќи тие доаѓаат, ќе бидат убави и нови и “паметни”. Не би требало да бидете партнери со животно кое убива гас, кој го убива својот народ и го ужива!, напиша Трамп на Твитер.

Советот за национална безбедност на САД ќе се состане денеска, додека премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј, свика на состанокот на Кабинетот.

Активистите, спасувачите и медицинските лица велат дека десетици лица загинале во градот Дума во саботата.

Но, владата на претседателот Башар ал-Асад – која добива воена поддршка од Русија – негира дека стои зад хемискиот напад.

Десетици илјади луѓе, наводно, ја напуштиле Дума преку хуманитарниот коридор.

novatv.mk