Дали се задоволни од парите што им ги одобри Министерството за култура?

0
915

Битолскиот народен театар доби пари за неколку премиери и проекти за тековната година. Сумите се објавени на интернет страницата на Министерството за култура за сите државни институции од областа на културата, уметноста и науката.

Објавено е колку се барало за секој проект и колку се одобрило.

1. „Но(е)ватаМакедонија“ – авторски проект во режија на Кокан Младеновиќ. Се побарале  2.500.000 денари, а министерството им одобрило  1.200.000 денари.

2. „Јулије Цезар“ – автор Вилијам Шекспир, режија Златко Паковиќ. Се побарале         2.000.000 денари, а одобрени се 1.200.000 денари.

3. „Змеј“ – автор Евгениј Шварц, режија Владимир Милчин. Се побарале                    2.200.000 денари, а се одобриле 1.800.000 денари.

4. „Детето сонува“ – автор Ханук Левин, режија Итаи Дорон. Се побарале                    1.792.000 денари, а се одобриле  700.000 денари.

5. „Коцкар“ – автор Ф. М. Достоевски, режија Дејан Пројковски. Одобрени се онолку пари колку што биле побарани 800.000 денари. ( Проект одобрен и започнат со подготовки во 2017 година и префрлен со реализација во 2018 година)

Театарот побара 4.000.000 денари за  Меѓународниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“, а добил 2.000.000 денари.

Пари се добиени и за две гостувања во странство.

1. Гостување со претставата „Трагична љубов на една луда девојка“ во Биалисток, Полска
2. Гостување со претставите „Отело“ и „Антоние и Клеопатра“ во Ереван, Ерменија

И Мартин Кочовски  доби пари од Министерството за култура за претставата „Приказна за окото“ – адаптација на новела од авторот Жорж Батаи. Побарал       1.172.570 денари, а му одобриле  450.000 денари. Оваа претстава ќе се одигра на една од сцените на битолскиот театар.

Денеска директорот на театарот Иван Јерќик рече дека во природата на човекот секогаш било да не е задовоен, а пак уметниците задолжително билоникогаш да не се задоволни и секогаш да се тежнее кон повеќе.

Според него, тоа не значи дека помалите суми на одобрени пари ќе се одразат на кватитетот на претставите, бидејќи како што рече секаде било така, кога ќе се бараат средсва се оди со повисоки суми.