Пред да стигне завршната сметка на гласање, советниците си рекоа се и сешто, дури беше споредена таа завршна сметка со кафанска сметка.
Некои велат дека имало обид за релативизирање на проблемот пред кој беше исправен советот, други пак дека повеќе го бранеле Коњановски од своите, иако неговата функција не беше доведена во прашање. Кај третите пак препознавање дека многу зборуваат за избори.

„Доколку сте толку силни, доколку сте толку спремни и доколку сметате дека можите да освоите повеќе од 16 советници, јас сакам да ве прашам градоначалник дали денеска сте спремни да станите на оваа говорница и да си поднесите неотповиклива оставка од позицијата градоначалник, па сите заедно да одиме на избори, бидејќи ако вие сметата дека можете да освоите 16 советници, тогаш нема никакво двоумење дека вие можете повторно да бидете градоначалник“ рече Илиевска.

„Што се однесува до оставка, со име и презиме сум избран од граѓаните. Тие даваат, тие земаат. Ќе има избори, ве повикувам сите оние кои сакате да се одмерите на тие избори, локални, за една година доаѓаат да излезите и тоа јавно да го кажете пред граѓаните. Денеска сме за друга тема овде, да ја разгледуваме завршната сметка која кажувам дека не ми личи на работа или на обична сметка во кафана“ и реплицираше Коњановски.
Претходно Илиевска во говорот за завршната сметка рече дека се работи за една техничка работа, односно за еден документ кој што и приватните фирми мораат да го достават на крајот на годината за да се има увид.
„Почитуван градоначалник завршната сметка е исто како во кафана ако одите, да имате ручек, а да не сакате да си ја потпишете и истата сметка кога ќе биде или нема да биде усвоена, не значи дека некој нешто прифаќа“ вели таа.
Илиевски пак од СДСМ ги предупреди советниците од ВМРО ДПМНЕ, дека ако не гласат сами си пукаат в нога, а спротивнивно на тоа го убивале градоначалникот.
Бојкоски праша како ќе го паметат граѓаните овој совет? По кочење, вели тој и додава дека ќе дојдат избори, а граѓаните ќе ценат кој што сработил, кој ќе го награди, а кој ќе го казни.











