Дали ја има и колку чини пиперката ајварка?

Дел од битолчани почнаа со подготовка на зимницата. Септември е месец кога традиционално повеќето од домаќинките прават и ајвар. Пиперката ајварка денеска се продаваше за 40 до 50 денари за килограм, а на вреќа 35 денари. Продавачите се пожалија на слабата побарувачка. Велат сега овај период повеќе им се барала пиперката за нижење, а ајварката послабо. Очекуваат дека кон крајот на месецот ќе биде поголема побарувачката на пиперката ајварка.

Цените на производите за едни скапи, за други достапни, зависи со колкав буџет располагаат.

Црвените пиперки за нижење денеска се продаваа 40 денари за килограм, цената на компирот беше од 3о до 35 денари, доматите денеска достигнаа цена и до 70 денари, килограм краставици чинеше 50 денари, а малите краставички се продаваа по 40 денари. Шишерките благи чинеа 50 денари, а цената на лутите пиперки беше нешто пониска. Една тиквичка чинеше 15 денари, а црниот патлиџан од 15 до 20 денари за парче, во зависност од големината, а на вреќа од 120 до 150 денари.

Сподели