Дали ќе скокнат цените пред велигденските празници ?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ова е прашањето кое предпразниќно секогаш се поставува. Засега нема поголеми најави за промена на цените иако до велигден има уште повеке од две недели.

Денеска во Битола е пазарен ден. И понудата голема и побарувачката.

Денеска краставиците од 90 до 100 денари, доматите од 80 до 90 денари салатките од 25 до 30 денари. Зелката се продаваше од 20 до 30 денари за парче. Портокалите 50 денари бананинте 70 денари, а и во овој период од годината на пазарите забележавме продажба и на јагоди нивната цена е 130 денари за килограм.

Ги прашавме продавачите дали пред празникот Велигден ќе ги зголемат цените на овошјето и зеленчукот.
Зад камера велат дека очекуваат зголемување особено на цената на доматите, краставиците и салатките. Други пак ги пренесуават искуствата од преходните години дека немало покапувања.

Купувачите задовлни од понудата но не и од цените, за едни скапи, за други евтини биле производите.

Да резимираме ако денеска одлучите да бидете на салата, односно на здрава храна ке ви требаат за обична мешана околу 220 денари, (краставици, домати и салатка). Ако сте пак и за десерт, јагодите ги има напазар. Тие сега чина 130 деанри или се заедно салата и десер за 450 денари. Евтино или скапо удрете математика.

Share.