Дамовски и Илиевски излегуваат од затворот во Шуто Оризари, Чавков останува во притвор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски (Бетмен Велит) и Борис Дамовски ќе излезат од притворот во затворот во Шуто Оризари, потврдија од Апелацискиот суд во Скопје. На шестмина обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година судот им ги прифатил жалбите, а мерката притвор им е заменета со куќен притвор и одземање на пасошите. Останатите тројца на кои судот ги прифатил жалбите и од затворски заминуваат во куќен притвор се Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски.

За поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, останува мерката притвор бидејќи судот му го одбил барањето. Пратеникот Јохан Тарчуловски останува во куќен притвор. Апелација не ги прифатила жалбите на уште четворица осомничени Горанче Ангеловски, Сашо Марковски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски. Одбиена е и жалбата на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој останува во куќен притвор.

makfax.com.m

Share.