Данев очекува 61 глас на утрешното гласање за интерпелација на Владата

0
148

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се подготвени со дискусија да ги изнесат сите факти и аргументи против 10-месечното владеење на актуелната Влада, изјави денеска координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, откако за утре во 11 часот беше и официјално закажана седницата за доверба на Владата.

Данев апелираше до сите пратеници на утрешното гласање пред себе да го стават интересот на сите граѓаните на Република Македонија, а не партиските и личните интереси.

– Ако тие интереси ги водат, убеден сум дека ќе имаме над 61 глас, рече Данев.