ТЕРА

REKLAMA???

ДАРИО ПЕТКОВСКИ ГО ПРОНАЈДЕ СВЕТИОТ КРСТ ВО НОВАЦИ

Богојавление – Водици, еден од најголемите христијански празници, беше свечено одбележан во 15 населени места во Општина Новаци со традиционалниот чин на фрлање на светиот крст во осветените води. Овој празник ја симболизира светлината и духовното прочистување, привлекувајќи верници и учесници кои со голема посветеност го почитуваат неговото значење.

Како и секоја година, најхрабрите жители на општината се впуштија во осветените води со желба да го пронајдат крстот, верувајќи дека тој носи благослов, здравје и среќа во текот на годината. За среќните наоѓачи, Општина Новаци традиционално обезбеди ваучери како знак на честитка и поддршка.

Градоначалникот Стевче Стевановски им го честиташе празникот на сите присутни, посакувајќи им здравје, благосостојба и духовен мир.

„Водици е празник што ја симболизира верата и заедништвото. Честитки до сите што учествуваа и посебно на среќниот наоѓач на крстот, кој носи благослов за целата заедница,“ истакна градоначалникот.

Дарио Петковски беше најсреќен, тој го пронајде светиот крст во Новаци.