Даскалоски, В. Маркоски и Ојлески отпаднаа за мечот со Словенија

0
374

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез вечерва одреди кои 16 ракометари ќе играат против Словенија, а кои ќе останат на трибините. Селекторот ќе игра со едно лево крило против Словенија, помалку изненадувачки Гоце Ојлески не се најде на списокот со кој Македонија ќе го почне Европското првенство. Покрај него селекторот нема да смета ниту на голманот Златко Даскаловски и Велко Марковски.

Составот на Македонија за дуелот со Словенија: Борко Ристовски, Никола Митревски, Кирил Лазаров (капитен), Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски и Аце Јоновски.

Македонија попладнево со почеток од 19.30 против Словенија го почнува настапот на Европското првенство.