Датумите не се важни, нема отстапки во условите за прием во ЕУ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави денеска дека по посетата на државите од Западен Балкан се враќа во Брисел со обновено уверување дека местото на регионот е во ЕУ. Тој за време на прес-конференцијата во Софија порача и дека датумите се помалку важни и не може да се направат никакви отстапки во однос на условите за прием, бидејќи тоа не би било во интерес за државите од регионот и за ЕУ.

Јункер, како што наведе, во сите држави констатирал сличен елан и желба за спроведување на реформите кои мора да бидат имплементирани до членство. Тој порача и дека е неопходно сите држави што сакаат членство во ЕУ да престанат со билатералните конфликти.

slobodnaevropa.mk

Share.