Дачиќ во близина на бомбашки напад во Могадиш

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ бил во Сомалија за време на терористичкиот напад

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата, каде разговарал со претседателот на таа земја.

Како што изјави Дачиќ, а пренесе „Танјуг“ се слушнала силна експлозија, а во меѓувреме му било кажано дека во нападот има повеќе мртви и повредени.

По нападот, српскиот министер за надворешни работи полетал од Сомалија кон Србија, но авионот на Владата на Србија поради дефект принудно слетал во Атина.

Најмалку девет лица загинале денеска, вклучувајќи го и поранешниот министер за надворешни работи на Сомалија, кога исламски екстремисти активирале авто бомба во близина на претседателската палата во Могадиша, соопштила полицијата.

Share.