Да се истражи пожарот во викендичката на советникот

0
281

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денес се огласи со реакција по опожарувањето на викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ– Прилеп.

„Како градоначалник на општина Прилеп испраќам јасна порака и ги повикувам сите надлежни институции да постапат целосно според законот.

Да го расветлат случајот и да ги откријат причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески.

Да се разјасни и најмал сомнеж.

Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме“, се вели во денешната реакција на Градоначалникот Илија Јованоски.