ТЕРА

REKLAMA???

ДА СЕ РАСПУШТИМЕ ИЛИ ДА ПОПУШТИМЕ-ДИЛЕМИ ПРЕД ДВЕТЕ ГОЛЕМИ ПАРТИИ

В четврток на седница на Советот на Општина Битола ќе се најде завршната сметка за 2023 година. Ако не се усвои, тогаш Советот ќе се самораспушти. За ова веќе информиравте во вчерашните вести. Од политичките партии во Советот уште синоќа побараме ставови за тоа како ќе се гласа сметката и што ако таа не биде изгласана, односно евентуалното распуштање на советот.

Прашања испративме до претседателката на Советот Илиевска, до координаторот на СДСМ Илиевски, до координаторот на ВМРО ДПМНЕ Бојкоски и до советникот Велевски од Лелица.

Од СДСМ прашуваат дали советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе му каже не на Коњановски за завршната сметка.

Бојкоски во одговорот зборува за како што вели, деструтивноста на политичките опоненти.

Одговор добивме и од претседателката на Советот Илиевска.

На нашето прашање не одговори советникот од Левица за тоа како тие ќе настапат на седницата по оваа точка.

Откако ги побаравме и добивме одговорите од другите, денеска темата продолжи со партиските препукувања.

СДСМ се огласи.

„ДПМНЕ го бојкотира сопствениот градоначалник. Ниту еден советник од ДПМНЕ денес не се појави на Комисијата за финансии и буџет на која, меѓудругото, се разгледува завршната сметка на Општина Битола за 2023 година Наместо да пишат статуси, советниците од ДПМНЕ требаше да дојдат во Советот и нешто да сработат. За тоа се платени од граѓаните“ велат од СДСМ.

Претходно се огласија и од ВМРО ДПМНЕ од каде велат дека на седницата на Советот закажана за 07.03.2024 година повторно не се поставени неколку точки на дневен ред од страна на Претседателката на Советот. Заради тоа, велат од ВМРО ДПМНЕ, поради ваквото деструктивно делување советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги предложи точките на дневен ред. Меѓу нив и Парк, велосипедските патеки, плановите за работа на јавните претрпијаија. И велат дека точките кои се однесуваат на јавните претпријатија се предлагаат со цел нивно непречено функционирање.

„Доколку овие точки не бидат поставени на дневен ред и не бидат изгласани со кои ќе се одблокираат процесите во општина Битола очекуваме, дека сегашното мнозинството во советот на општина Битола од страна на СДС, ПОИНАКУ, ЛЕВИЦА, ДУИ и ДОМ да не ја усвојат завршната сметка на општина Битола и со тоа настапуваат услови за распуштање на Советот и организирање на нови избори“ велат од ВМРО ДПМНЕ.

Седницата на Советот е закажа за в четврток.