Двата земјотреси од Кожани, почувствувани и во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека денеска нејзината телеметринка сеизмолошка мрежа регистрира два земјотреса чии епицентри се наоѓаат на 220 km јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Кожани.

Првиот земјотрес беше во12 часот и 50 минути со Рихтерова магнитуда 5.0 степени, а вториот во 12 часот и 59 минути со Рихтерова магнитуда 4.0 степени.

Првиот беше почувствуван и од населението на нашата Република, особено во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во Кичево и околината со интензитет од III-IV степени, а во Скопје и дел од источниот дел од Републиката со интензитет од IIIстепени.

Додека пак, вториот земјотрес беше почуствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Share.