Двајца Грци приведени во Битола оти кршеле, викале, се карале

На 14.06.2021 во 16.00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле приведени две лица на возраст од 50 и 53 години, двајцата од Р.Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење на предмети.

Прочитај и: 60 возачи управувале возила без возачка дозвола

Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен Суд Битола за понатамошно постапување, соопшти полицијата.

Фото: илустрација

Сподели