Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија

Двајца работници загинале, а 16 се повредени во експлозија во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградни ракети во близина на предградието Бубањ Поток.

Како што јави јавниот сервис РТС, вчера нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 противградни ракети со 30 килограми експлозив. Компанијата „ЕдеПро“ е дел од наменската индустрија на Србија и се занимава со производство на делови за ракети и горива.

„Двајца работници загинаа, а 16 се повредени, изјави за новинарите командантот на белградската противпожарна и спасувачка бригада, Милош Мајсторовиќ,“ јави јавниот сервис.

Засега не е позната причината за експлозијата, а истрагата е во тек.

Министерството за одбрана на Србија се уште не го коментира овој инцидент. Годинава во Србија се случија две експлозии во друга фабрика од наменската индустрија – „Слобода“ во Чачак во централна Србија.

Сподели