Четворицата осомничени извршители за нападот во Москва изведени пред суд. двајца од нив, наведува Скај Њуз, ја признале својата вина за нападот, но сите ќе останат во притвор најмалку до 22 мај.
Како што пренесуваат руските медиуми, осомничените се обвинети за „тероризам“ и им се заканува доживотен затвор.
Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
„Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани, се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.
Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистам а во која е активна Исламска државам, органзиацијата која ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во кој се убиени најмалку 143 лица.












