Двајца Французи на магаре и мазга ќе минат 240 километри од Битола до Солун

0
1981

Двајца французи, едниот Емануел Рембер директор на Францускиот институт, а другиот новинарот Емануел Ешт, понесени од историјата започнуваат авантура во мариовскиот регион. Имено, цел еден век по 1916 година кога тука се бореле борците на македонскиот фронт, двајцата французи придружувани од водичот Петар Нолев , со магаре и мазга, ќе го поминат патот на Македонскиот фронт. Патувањето започнува во недела во 9 часот од француските гробишта во Битола, по што трасата е долга цели 240 километри, кои пеш ќе ги минат од Битола па се до Солун. Ќе ноќеваат на отворено во шатори.

-Идејата е многу едноставна, доаѓа од поштенските картички што ги имам консултирано за овај семинар. На поштенските картички се гледа како војниците одат пеш заедно со мазги од Првата светска војна, си замислив дека тоа е еден начин да им оддадам почит , и ва таа една голема историја, да направиме една приказна, да го пројдеме патот како нив одејќи од Битола до Солун, одејќи по нивните траги и рововите од Првата светска војна“, рече Еманул Рембер директор на Францускиот институт ,советник за култура при француката Амбасада и писател.

Додава дека идејата на ова патување е да се поврзе историјата и книжевноста.

Вториот патник е Емануел Ешт, кој е новинар и историчар. Кога Еануел Рембер му предложил да биде дел од овај подвиг, веднаш прифатил, дотолку повеќе што во дневник ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата, и историските случки, и ќе направат една приказна, која што во иднина ќе биде предмет на една книга.

-Ова е физички предизвик пред се. Тука е целиот тој марш таа постапка, затоа што ни овозможува да се ослободиме од тој конфор на нашиот секојдневен живот и да се најдеме себеси во текот на 10- тина дена, да се најдеме на некој начин надвор од времето, и покрај тоа што поткованоста на оваа постапка е од историски карактер. Но има и нешто друго. Кога господинот Емануел Рембер ми предложи да го придружувам помислив дека проектот е дотолку интересен што приказната за Македонскиот фронт од Првата светкса војна е сосема непозната за Франција и покрај тоа што француски војници се бореа тука и загинаа. Затоа што во француската историја се запаметени многу борби, на некој начин избришано е она што се случувало на Македонскиот фронт, вели Емануел Ешт, новинар и историчар.

Во Битола се одржува научна конференција „Заштита на неборците, од Македонскиот фронт од Првата светска војна до денес“.На Конференцијата новинарката од „Франс 24“ Стефани Трујар пред присутните ја раскажа својата семејна приказна.

– Се заинтересирав за историјата на моето семејство и открив дека братот на мојот дедо починал недалиеку од Битола во ноември 1916 година. Почнав да правам истражување. Се вратив по неговите чекори во Македонија, одев на местата каде што тој загинал и досега сум 4 пати во Битола. Открив дека загинал тука на илјадници километри од Франција. Во овие итрсжувања се обидов да го најдам неговиот гроб. Нема гроб со негово име, но има со име кое што личи на неговото. Многу французи незнаат дека француски војници дошле тука во Македонија да се борат. Битно е да се говори за нивната историја, рече Стефани Трујар, новинар од „Франс 24“.

Учесниците на конференцијата во текот на утрешниот ден ќе ги посетат историските локалитети на Македонскиот фронт низ Битола и Мариово.