ТЕРА

REKLAMA???

ДВАЈЦА ШВЕЃАНИ УБИЕНИ ВО ВООРУЖЕН НАПАД ВО БРИСЕЛ

Двајца шведски државјани се убиени вечерва од засега непознат вооружен напаѓач во белгискиот главен град Брисел, соопшти претставник на бриселската полиција.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, напаѓачот, кој носел портокалова јакна и бела кацига, веднаш по инцидентот побегнал од местото она настапот и се уште е во бегство.

Според белгиското Јавно обвинителство, инцидентот се третира како терористички напад.

Убиството се случи пред натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Белгија и Шведска во квалификациите за Европското првенство.

Фудбалскиот натпревар е прекинат, а навивачите на стадионот „Крал Бодуен“, кои се околу 35.000 на број, добиле совет да не ги напуштаат трибините.