Два брачни пара загинаа во сообраќајката на патот Ресен-Охрид

0
7420

Четири лица загинаа во сообраќајката што денеска нешто околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.

Во несреќата учествувале три возила, битолски мерцедес и ауди и охридско БМВ.

Според информациите од полицијата загинаа два брачни пари кои што се наоѓале во мерцедесот и аудито.

Станува збор за лицата М.Р ( 1951 ) и М.Р. (1953) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (1965) и Д.С ( 1959) кои се наоѓале во аудито, соопшти портаролот на СВР Битола Сања Стаматова.