Два-дена прекин на уличното осветлување на патот Битола-Кравари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

При изведување на градежни работи за дислокација на енергетски кабли кои се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал, прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари.

Поради тоа, во овој дел на Општина Битола, два дена има прекин во уличното осветлување.

Од екипите на ЕВН, добиена е информација, дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден, соопштија од Општина Битола.

Share.