Два пати годишно треба да докажат дека се меѓу живите за да добијат пензија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

135 лица од Битола два месеци останаа без пензија. Се работи за лица кои што земаат пензија од странство и за лица со попречености. Јовица Приевиќ ја раскажува голгота на неговиот роднина, лице со даунов синдром. Вели дека без никакво известување на лицето му била укината пензијата пред два месеци и откако не зело пензија за месец октомври веднаш отишле до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола да прашаат зошто?

Вели дека поради немарност на вработените во Фондот за пензиско и инавалидско осигурување , неговиот роднина па и останататите граѓани во Битола останале без пензија.

Од подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека поради недостаток на референти и кадар можеби се направило превид при внес на уверението за живот во комјутерот. Денес го внесле уверението в компјутер и уверуваат дека двете пензии за месец октомври и ноември на посоченото лице ќе му бидат исплатени. Додаваат дека лицата кои по основ на инвалидност се стекнале со право на семејна пензија се должни два пати во годината да доставуваат потврда за живот или медицинска белешка. Вакви случаи во Битола имало 135.  До денес го надминале проблемот кај 75 лица, а работат како што велат за расчистување на останатите случаи.

Share.