ТЕРА

REKLAMA???

ДВА ТЕРМОБЛОКА ВО РЕК БИТОЛА УТРОВО ИСКЛУЧЕНИ ОД МРЕЖАТА

Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција, соопштија од ЕСМ.

Во соопштението понатаму се вели дека шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби.

„Благодарение на навременото активирање на  заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување  на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“ стои во соопштението од ЕСМ.