Две лица повредени во сообраќајка во Битола

На 03.05.2021 во 21.04 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Бонде Скерлевски” и ул.„Народни херои” во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туарег”, со скопски регистарски ознаки, управувано од 62 годишно лице од Битола и мопед „априлија”, со битолски регистарски ознаки, управуван од 28 годишно лице од Битола.

Прочитај и: Со „Опел корса“ удри во бетонски столб и почина

Во незгодата, сопатникот од мопедот 26 годишно лице од с.Далбеговци, општина Могила, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола, соопштија од полицијата.

Сподели