„Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Dina Duma, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ доби две награди за развој на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал.
Вториот филмски проект на Дума кој е во развој, доби по 10.000 евра за наградата Синелинк на Филмскиот центар на Србија и за наградата Женски гласови од Словеннскиот филмски центар. Оваа награда има за цел да ги поддржи и промовира женските гласови од филмската индустрија од Југоисточна Европа.

Синелинк е најзначајниот регионален копродукциски маркет, а „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција со 46 филмски проекти во развој. Проекот беше селектиран и како еден од шесте филмови во престижната програма за развој Резиденс на Канскиот филмски фестивал 2022, во ателјето на Синефондасион со престој на режисерката во Париз и Кан, од март до јули годинава.
Новиот проект на Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ја носи приказната за девојката, ромската муслиманка од Скопје, Адела, која се обидува да ја спаси својата сестра од продажба на невестинскиот пазар и сонува да се приклучи на група скејтери. Филмот ќе се снима во 2024 година.
„Секогаш сакам да знам за нивните лични приказни и искуства и да ги вградам во филмот. Така создавам филмски свет кој е веродостоен и ликови направени од месо и крв“, вели Дума за Варајети.
„Имав една другарка од училиште, од ромската заедница, имавме 12 години и таа беше продадена на овој пазар на многу постар вереник. Наскоро, таа престана да доаѓа на училиште и никогаш повеќе не ја видов. Бев многу млада и не можев ништо да направам, но нејзината приказна остана со мене“.
„За нас, филмаџиите од регионот, CineLink стана неопходен за развој на нашите нови проекти“, забележува продуцентката Лабина Митевска од „Сестри и брат Митевски“.












