“Северен пол” на битолчанката Марија Апчевска, е добитник на две награди за најдобар краток филм. Наградата KODAK BEST SHOT ON FILM ја доби во рамките на 18-то издание на HollyShorts Film Festival кој се одржа од 11-ти до 20-ти август во Лос Анџелес. Наградата PUNTO DI RITORNO е доделена на 3-то издание на Calabria Movie Short Film Festival кој се одржа од 17-ти до 20-ти август во Кротоне, Калабриа, Италија.
Претходно филмот беше добитник на две награди за најдобар краток филм и тоа на 20-то издание на Ischia Film Festival, кој се одржува во Искја, Италија и на 9-то издание на Башта фест, српскиот фестивал кој се одржуваше во Баина Башта. Исто така доби номинација за најдобар краток филм на 2-то издание на францускиот International Children Care Film Festival кој се одржуваше во Париз, како и номинација во интернационална конкуренција за најдобар краток филм на 20-то издание на Manlleu Film Festival кој се одржува во Шпанија.












