Две награди на Берлинале за филмот Господ постои името и е Петрунија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот филм во режија на Теона Митевска доби две престижни награди на Berlinale и тоа-“Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” .

„Ecumenical Award“ е независна филмска награда која од 1973 година им се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали , како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари. Целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Наградата „Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири-комисија, чии членови се управители на арт-кина.

– Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови– изјави режисерката Митевска.

Гала-церемонијата за доделување на главните награди на 69. Берлинале ќе се одржи вечер.  „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ е во главната натпреварувачка селекција. На 10 февруари во Берлин беше светската премиера на овој најнов филм на Стругар-Митевска.

Share.