Две недели снег, студ и мраз во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Речиси две недели Битола и битолско оковани во снег, студ и мраз. И утрово Битола беше најстудениот гард во Македонија. Во 7 часот беа измерени -18 во Битола.

Таква ниска температура имавме и во изминативе денови, а во претходните денови се спушти и под -20 степени. Ова е информации од Управата за хидрометоролошки работи.

Утрово -11 степени беа измерени во Прилеп, -4 во Претор, со што Битола е најстудениот град и во регионот и во Македонија.


Времето денеска претежно облачно, по котлините магливо. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, во Пелагонија со услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 10 степени, е прогнозата на метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а во следните денови ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Снежната покривка никако да се намели. Студот го вкочанил и снегот, а мразот е дополнителен проблем за минувачите. Деновиве информиравме и дека нема слободен кревет на битолска ортопедија. Денеска снежната покривка во Битола 25 сантиметри, Прилеп речиси двојно помалку 12 см, Крушево 30,а Претор 15 сантиметри.

Во меѓувреме Комуналец продолжи да ги чисти тротоарите и пешачките патеки.

Собраниот снег завршува во коритото на реката Драгор.

Снегот пак собран од долниот дел на корзото се одлага кај Офицерскиот дом.

Директорот на ова јавно претпријаие вели дека собраниот снег го одлагаат на големи слободни површини каде нема да биде пречка за околината и минувачите.

Така правеле и на други локации во Битола со цел да се одлободат сите тротоари и пешачки патеки за минувачите.

 

Share.