Две неексплодирани гранати пронајдени во битолско

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 23.03.2019 година во 14,30 часот во СВР-Битола, лице. од с.Крклино-битолско, пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155мм од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од ДЗС, експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

Истиот ден  во 08,35 часот во СВР-Битола, лице  од с.Лажец, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

фото: илустрација

Share.