Битолската полиција соопшти дека вчера во 19.48 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.”Васко Карангелевски” во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус “исузу”, кој превезувал вработени за РЕК Битола, управуван од 54 годишно лице од Битола и патнички возило “шевролет” управувано од 19 годишно лице и 19 годишен сопатник , двајцата од Битола, и двете возила со битолски регистарски ознаки.
По незгодата возачот и сопатникот во возилото “шевролет” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на помош и утврдување на карактер на повредите.












