Две ракети се испалени од појасот Газа на Тел Авив

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Две ракети се лансирани од појасот Газа во областа на Тел Авив, соопшти израелската војска, но нема жртви.

Неколку моменти пред објавувањето на военото соопштение на Твитер, во текот на вечерта се огласиле сирените во Тел Авив и околните места.

Министерството за надворешни работи објави видео снимка на која се гледа како израелскиот противракетен систем „Железна купола“ ја уништува ракетата „над територијата на Тел Авив“. На снимката се гледаат и две ракети кои се издигаат на небото над облакодерите, а во позадина се слуша сирена. Немаше жртви ни штета, додаде војската.

За првпат во градот се огласуваат сирените од војната во Газа во 2014 година меѓу исламистите на Хамас и Израел.

mkd.mk

Share.