Дебата за Законот за работни односи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Законите да се прилагодуваат на потребите на бизнис заедницата и да одговараат на движењaта кои што се случуваат во тој сектор, беше речено на денешната инфо- сесија во рамки на Проектот на УСАИД -Партнерство за подобра бизнис регулатива. Инфо сесијата четврта по ред беше на тема работни односи . Целта на работилницата беше да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат , и кои не кореспондирата со современите потреби на работниот процес.

-Темите кои што се замислени да бидат разгледувани на овие инфо-сесии се тие теми кои што беа од страна на бизнис заедницата споменати како најголеми проблеми кои што ги имаат во своето секојдневно работење. Затоа денеска сме тука да зборуваме за проблемите поврзани со работните односи, значи тоа е жива материја, тоа не значи дека проблемите или Законот бил добар или не бил добар , но сепак практичо законите мора да се прилагодуваат на потребите на бизнис заедницата и да одговараат на движењата на тој сектор.Од тие причини коморите заедно овој пат организираат ваков вид на дискусија, на кои што континуирано треба да се слушни гласот на народот, и сега различно со овој проект е тоа што за прв пат сите четири комори би требало да излезат со свој заеднички став формулиран во однос на позициони документи кои што ќе биде претставени пред државата, а кој што би требало да даде некаков одговор на идентификуваните проблеми на вака организираните работилници, изјави Љубомир Димовски раководител на ЕПИ Центар Интерационал

Во спроведувањето на проектот партнери се сите четири комори од Македонија:Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, Стопанската комара за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал.

-Темата на која што ќе се зборува на овие 20  инфо- сесии се: даноци, работни односи, лиценци за земјоделство и туризам, јавни набавки земјоделство и пазарна инспекција, изјави Елена Столеска МАСИТ

Вториот дел од сесијата  беше дискусија по однос на новиот закон за практиканство. Практиканството инаку е регулирано само преку законот за високо образование само за студентите, додека за претставниците од бизнис заедницата тоа е сеуште сива зона

-Значи првичните резултати кои што излегоа од овие анкети се екстремно позитивни. Потребата за регулирање на овој дел е идентификувана од страна на буквално сите чинители во системот, и од страна на самите потенцијални корисници.Во овој случај тоа би требало да бидат студентите во последните години од образование, но и од невработените лица односно лицата кои преку практиканството би сакале да се стекнат со вештини и знаење кои што ќе им помогнат во нивниот процес на вработување. Нашата цел е на вторниот дел од денешната средба да направиме еден вид на дискусија со претставниците од бизнис заедницата, да го слушниме нивниот став и мислење по однос на започнување на практиканството, и се надеваме дека врз основа на тоа мислење, ќе можеме полесно да го формулираме тој Закон, кој што се надеваме дека ќе влезе во процедура во втората половина од оваа година, вели Љубомир Димовски раководител на ЕПИ Центар Интерационал

За вклучување на бизнис заедницата од цела држава вакви инфо сесии се планирани да се одржат во повеќе градови од Македонија. Проектот е финансиран од УСАИД.

 

 

 

 

Share.