Дебата за НАТО во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Што е НАТО, што значи НАТО за Р.Македонија и што е она што Р.Македонија ќе го добие со членство во НАТО Алијансата? На оваа тема денес во Битола се одржа четвртиот форум за јавни политики. Граѓани и претставници на граѓанските организации, претставници на институциите на централно и на локално ниво, академијата и бизнис заедницата, медиумите, новинарите, неформалните иницијативи и други заинтересирани страни ги искажаа своите ставови и мислења од придобивките од НАТО интеграцијата на Македонија и што тоа би значело за нејзините граѓани. Претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани посочи дека најголемиот дел од граѓаните во Македонија знаат зошто е важно членството во НАТО и ЕУ.

-Република Македонија е на одличен пат дефинитивно да го конкретизира тоа што е опција, про-НАТО и про-европски, затоа што сите досегашни анкети покажаа дека на граѓаните им е јасно зошто сакаат ЕУ и НАТО“, истакна Рамадани.

Храватската Амбасадорка Данијела Баришиќ ги потенцираше придобивките кои што Р.Хрватска ги добила со членството во ЕУ и НАТО.

-Нашето членување во НАТО и ЕУ, нам како држава ни донесе многу поволности, пред се економски, стопански, но и безбедносни. Хрватска е мала држава, но како посттранзициска и постконфликтна, сега е држава за која се слуша и која има ставови кои може да се искажат меѓу најсилните партнери. Сакаме и Македонија да биде еднаков дел на ЕУ и НАТО. Во таа смисла, нагласи Баришиќ  за референдумот што ќе се одржи на 30 септември, важно е луѓето да знаат како ќе гласаат, и да бидат информирани за тоа каква иднина ги очекува.

Членеството во НАТО ќе значи гарантирање на безбедноста и одбраната на Македонија како и гарантирање на територијалниот и националниот суверенитет, потенцираше деканот на Правниот факултет Горан Илиќ

-Тоа е концепт не на силни лидери, туку на силни институции, оти ако се силни лидери тогаш можеме да зборуваме за други режими, а не за демократија. НАТО воедно ќе значи гарантирање на безбедноста, одбраната на Македонија и гарантирање на територијалниот и национален суверенитет на Македонија, рече Илиќ.

Форумот го организираше УСАИД преку проект за граѓанско учество.

-Ние знаеме дека Македонија се наоѓа на една раскрсница и граѓаните се тие кои што треба да донесат одлука во кој правец да се движи Македонија, рече Едвард Гонзалес директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД.

На јавната дебата свои мислења искажаа и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и студентката Настасија Стојановиќ.

Share.