Девет луѓе убиени во Германија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Девет луѓе се убиени во нападот на два наргиле бара во западногерманскиот град Ханау. Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов неколку часа подоцна во неговиот дом, заедно со уште едно лице.

Полицијата соопшти дека тој најверојатно немал помагачи, но и дека засега не е познат мотив на нападот. Весникот „Билд“ објави дека напаѓачот е германски државјанин кој имал дозвола за носење оружје, при што во неговиот автомобил била пронајдена дополнителна муниција.

Првиот напад се случи околу 22 часот во наргиле бар во центарот на градот, што се наоѓа 25 километри источно од Франкфурт, а вториот во бар во предградието Кеселштат.

Германската камцеларка Ангела Меркел поради настаните во Ханау ја откажа за денеска планираната посета на градот Хале во покраината Саксонија Анхалт и постојано ги следи најновите информации за нападите.

 

 

Share.