Делата на современите полски графичари изложени во Битола

0
189

Изложбата „Современи полски графичари“ беше отворена  во уметничката галерија Магаза во Битола, во организација на Амбасадата на Република Полска во Скопје, Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“ – огранок во Битола во соработка со НУ Завод и Музеј Битола и Меѓународно графичко триенале Битола.

Во својата долгогодишна историја, на битолското триенале настапиле околу 400 графичари од Полска. Голема бројка, потврдена и со бројни награди доделувани од релевантни меѓународни жирија.

-Битолското триенале, по бројот на учесниците, на современите полски графичаро е речиси своевидно огледало или огранок на полското и словенечкото творештво.Не затоа што во Битола нема графичари, напротив, туку затоа што денес во Европа покрај биеналето во Варна, е можеби единственото кое сеуште ја одржува таа човечка линија и потреба да се создава чисто, негивајќи ја исповедната суштина на уметноста како можеби последна надеж за вредноста на животот-истакна Владо Ѓорески, уметнички раководител на меѓународното графичко триенале во Битола.

Оваа изложба во Битола е во чест и на признанието доделено на битолското триенале од Интерграфика од Краков, со кое оваа битолска појава е сместена меѓу 10-те најзначајни графички антологии и манифестации во светот.