Дел од посмртната покривка на Наполеон Бонапарта ќе може да се купи за 15.000 евра

По повод два века од смртта на францускиот војсководец Наполеон Бонапарта, на аукција ќе биде ставено парче од платното, со кое тој бил покриен за време на обдукцијата.

Така, приватните колекционери ќе имаат ретка можност следната недела да купат ДНК на Бонапарта.

Францускиот император починал на 5 мај 1821 година на 52-годишна возраст на островот Света Елена во Атлантскиот Океан, каде Британците го протерале по поразот во 1815 година во битката кај Ватерло.

Прочитајте и: Што треба да има на велигденската трпеза?


Предмет на аукцијата покрај другото ќе бидат платното со кое Наполеон бил покриен за време на обдукцијата, прамен од неговата коса, неколку свилени чорапи и кошули со долги ракави, на кои со црвен конец е извезена буквата Н.

Се проценува дека платното на кое има крвава дамка од францускиот војсководец и владетел би можело да достигне продажна цена од 15.000 евра.

Сподели