ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЛ ОД СВЕТОТ ВЛЕЗЕ ВО НОВАТА ГОДИНА

Во 12:00 часот по средноевропско време, Нов Зеланд и островските држави Самоа и Тонга го прославија почетокот на Новата година.

Во 14:00 часот според средноевропско време, новата 2025 беше дочекана во Сиднеј, Австралија со светски прочуениот огномет наспроти мостот Харбор и прекрасната зграда на операта.

Големи огномети се планирани и во многу азиски градови, како Куала Лумпур, Сингапур, Бангкок каде новата 2025 година пристигнува неколку часа подоцна.

Како што пишува Дојче Веле потребни се 26 часа помеѓу 11:00 часот по средноевропско време на 31-ви декември и 13:00 часот по средноевропско време на 1-ви јануари за во целиот свет да настапи новата година. Американска Самоа ќе биде последната земја што ќе ја дочека Новата година.