Демаркацијата усвоена со солзавец и апсења

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовското собрание го усвои договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, по четири обиди на пратениците на Самоопределување да го спречат донесувањето на Договорот, фрлајќи солзавец. 80 пратеници гласаа за Договорот, а 11 беа против.

Пет пратеници на Самоопределување се уапсени по третото фрлање на солзавец, и уште двајца по четвртото. По четири фрлања на солзавец и четири прекинувања на седницата, пратениците на Самоопределување кои не беа уапсени ја напуштија собраниската сала, на барање на службите за безбедност. За време на гласањето во салата имаше само еден од членовите на Самоопределување.

Share.