ТЕРА

REKLAMA???

„ДЕМОНИ“ НА ПРОЈКОВСКИ НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА СЕЗОНАТА ВО ДЕБРЕЦЕН

Претставата „Демони„ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија, е прогласена за најдобра претстава на сезоната. Специјалната награда ја додели директорот на театарот, Матијас Шаболц, на свечена церемонија.

„Демони“ на Пројковски беше поставена на крајот на април во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија и наиде на позитивни критики кај стручната јавност но и кај публиката. Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски, а музиката на Горан Трајкоски.

Исто така, во март годинава Пројковски ја доби Меѓународната награда за режија на 9 Интернационален театарски фестивал кој се одржува во Истанбул, Турција. Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција. Тој е еден од најзначајните и најнаградувани режисери на денешницата.   „Ана Карењина“, заедно со уште една претстава на Пројковски, „Ричард трети“, беа дел од 10 издание на светската Театарска олимпијада во Унгарија. „Ана Карењина“ досега има освоено над 40 награди и е прогласена за најнаградувана претстава во историјата на Новосадскиот театар. „Ричард трети“ на 35. издание на Фестивалот на унгарски театри кој се одржува во Кишварди, доби две награди и тоа Гран при, најдобра претстава во целина и наградата за најдобра машка улога.

Во листата на награди за Пројковски се и наградата за најдобра режија за „Ричард трети“ според Belgrade Edt Culture, „Дон Жуан“ беше избрана за најдобра претстава во целина во Хрватска, претставата „Ромео и Јулија“ ја доби највисоката театарска награда во Турција, своевиден театарскиот „Оскар“. Во ноември минатата година, во Српско Народно Позориште во Нови Сад, Пројковски го постави култниот текст „Скупљачи перја“ на Александар Петровиќ, а по драматизација на Сашо Димоски. Според критиките од соседството, преставата е спектакл, а посебна нота  и дава музиката на Оливер Јосифовски, која се изведува во живо.

Пројковски во Македонија во Драмскиот театар, ја постави „Падот на Масада“ по текст на Венко Андоновски, додека во Велешкиот театар се играат претставите „Нема струја за електричниот стол“ и „Инферно“.