Повеќе од 1.300 луѓе се приведени во Русија на антивоените протести кои се одржаа низ целата земја по најавата на претседателот Владимир Путин за делумна воена мобилизација.
Околу 530 лица се приведени во Москва и повеќе од 470 во Санкт Петербург.

Протестите се случија по најавата на Путин дека делумната мобилизација е потребна за да се поддржат руските сили кои се борат во Украина, а некои демонстранти креваа плакати со сино-жолтите бои на украинското знаме и извикуваа „Не на мобилизацијата“ и „Русија без Путин“.

Властите ги предупредија луѓето дека се соочуваат со затворска казна до 15 години за учество во демонстрациите.












