ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА БЕШЕ ОСТВАРЕНА СРЕДБА МЕЃУ ВМРО ДПМНЕ И ВЛЕН

Во соопштението од ВМРО ДПМНЕ се вели дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираат од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение.