Денешните максимални температури беа 8 степени во Лазарополе, 9 Попова Шапка, 10 Крушево, Маврови Анови, 13 Тетово, Крива Паланка, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, 16 Берово, 17 Штип, Претор, Демир Капија, Гевгелија, 18 Струмица, 19 Прилеп, 22 Битола.
Во претпладневните и раните попладневни часови беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладнево е променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.
До крајот на денот променливо облачно. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во ноќните часови.
Утре прeтпладне претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.












