Денеска блокада кај „Гроздот“ во Битола

Втор ден протести во главниот град и десетина други во држвата. Денеска протестот, односно блокадата во Битола беше на крстосницата кај „Гроздот“.

Од 15:00 до 17:00 часот ВМРО ДПМНЕ ја блокираше сообраќајницата со барање од власта да обезбеди увид во документ од преговорите со Бугарија.

Опозицијата обвинува за нетранспарентност на властa и тајните преговори што ги водат со Бугарија премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник на Владата Владо Бучковски.

 

 

Сподели