Денеска во Битола до 22, утре до 28 степени

Времето денеска умерено до значително облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Дневните температури од 18 до 29 степени, во Битола до 22.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури од 7 до 16 степени. Во Битола ќе се спушти до 13. Дневните од 21 до 32, во Битола до 28 степени.

Сподели