ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ДО 30 СТЕПЕНИ

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Дневните температури од 25 до 34 степени, во Битола до 30.

УВ индексот 8.

До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.