Вчера во Битола беа измерени 34 степени, а за денеска метеоролозите прогнозираат до 37 степени.
Денес ќе биде многу топло. Дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и до 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
И во наредните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.
Дневните температури ќе се движат од 34 до 42 степени.












