Времето денска сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималните температури од 31 до 41 степен, во Битола до 38 степени.
УВ индексот 10.
До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник.
УВ индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.












