Денеска во Грција само пеш

0
943

Поради штрајк на грчките царински служби од 05:00 часот, сообраќајот на граничните премини Богородица и Дојран (од грчката страна) е во прекин за сите видови на возила. На граничниот премин Меџитлија (од грчката страна) штрајкот е започнат од 06:00 часот. Прекинот на сообраќајот на сите премини е најавено да трае 24 часа и во тој период ќе се пропуштаат само пешаци.